• среда, 27 ноември 2024

На Универзитетот во Тетово отворено Американско катче како центар за тестирање на англиски како странски јазик

На Универзитетот во Тетово отворено Американско катче како центар за тестирање на англиски како странски јазик

Тетово, 18 јануари 2023 (МИА) – На Универзитетот во Тетово денеска свечено беше отворено Американско катче како едукативен центар каде ќе се спроведува тестот за англиски како странски јазик базиран на Интернет (TOEFL iBT). Од Универзитетот порачаа дека со овој центар се унапредува соработката со Американската амбасада и Американско катче Тетово.

-Благодарност до Американското катче во Тетово, како и до Амбасадата на САД за соработката и континуираната поддршка преку различни програми, како што се Фулбрајт, Мировниот корпус и други. Од денеска оваа соработка која беше од витално значење за нашиот Универзитет оди на едно повисоко ниво, а од денеска ќе имаме можност да ги развиваме овие активности во нашите простори со зголемен интензитет, рече ректорот проф. д-р Куштрим Ахмети.

Координаторот на Американското катче во Тетово, Гезим Сулејмани рече дека овој центар се промовира во рамките на 15-годишнината од функционирањето на тетовскиот центар.

-Ова е посебен ден за Американското катче, не само што одбележавме 15 години успешно работење преку различни програми кои означуваат трајно пријателство меѓу нашиот народ и американскиот народ. Овој ден е уште позначаен поради отворањето на нов TOEFL iBT тест центар. Ќе послужи и за реализација на мисијата на Американското катче, порача Сулејмани.

Покрај тест центарот во Американско катче има и други различни активности. На настанот присустваше и заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер. ас/мд/

Остани поврзан