• четврток, 26 декември 2024

На Токсикологија примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба

На Токсикологија примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба

Скопје, 1 јануари 2023 (МИА) – На Клиниката за токсикологија на новогодишната ноќ биле примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, од кои најмладиот имал 14 години.

Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија изјави дека на клиниката синоќа биле примени шест жени и 16 мажи во алкохолизирана состојба.

– За жал, доминира младата популација, малолетници од 14 до 18 години. Сите биле третирани во амбуланта и пушетни на домашно лекување, рече Бајрами. фф/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан