• понеделник, 23 декември 2024

На Титов врв се искачија 600 учесници

На Титов врв се искачија 600 учесници

Тетово, 28 мај 2023 (МИА) - Околу 600 луѓе денеска се искачија на највисоката точка на Шар Планина, Титов врв во рамки на традиционалното 41-то искачување што го организираше планинарскиот клуб Љуботен.  Сите тие ја поминаа „Вакуфска патека“ долга 14 километри со висинска разлика од 1047 метри.

-Сите планинари кои се искачија на Титов врв и безбедно се вратија на Попова Шапка од каде тргнаа утринава. До највисокиот врв на Шар планина се искачија околу 600 планинари учесници од 27 планинарски друштва од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска. Во текот на движењето на колоната учесници се беше во ред, со оглед на тоа дека сите максимално ги почитуваа препораките на нашата организација. Времето беше облачно но стабилно со малку дожд на крајот, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен.

Во текот на вчерашниот ден ПК Љуботен ја спроведе и најавената акција за чистење и подигнување на фрлени отпадоци на Попова Шапка во координација со Национален парк Шар Планина. Планинарската манифестација за отворена ја прогласи претседателот на Федерацијата на планинарски спортови Зоран Читкушев.

Титов врв е на 2747 метри надморска височина. ас/ев/

ФОТО: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан