• понеделник, 23 декември 2024

На Тиквешкото Езеро се одржа „Езерска винска регата"

На Тиквешкото Езеро се одржа „Езерска винска регата
Кавадарци, 23 јули 2022 (МИА) - Стотина учесници од земјава и странство беа дел од денешната „Езерска винска регата“, што се организираше по осми пат на втората по големина вештачка акумулација во државата – Тиквешкото Езеро. Организатор на „Винската регата“ беше здружението ,,Винотек", кое се залага за промоција на производите од грозје и на винскиот туризам. Долгогодишен планинар, велосипедист и голем љубител на природата Виолета Јосифова во изјава за МИА вели дека „регатите“ по Тиквешко Езеро и на реката Вардар, што ги организира „Винотек“, секогаш претставуваат вистинско доживување. - Јас и претходно сум била дел од овие регати и секогаш носам убави спомени од секоја од нив. Затоа решив и денеска да уживам во убавините што ги нуди езерото и во вкусот на тиквешките вина и покрај портокаловата фаза во којашто се наоѓаме поради високите температури, изјави Јосифова. Организаторите на настанот информираа дека од година во година расте интересот за винските регати и оти тие се еден од начините да се привлечат што поголем број на туристи во Тиквешијата. свд/сп/

Остани поврзан