• понеделник, 23 декември 2024

На територија на СВР Охрид 85 санкции за брзо возење

На територија на СВР Охрид 85 санкции за брзо возење
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - СВР Охрид денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи, од кои 45 на територија на Охрид, 25 на територија на Струга, а 15 на територија на Кичево. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР. дма/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан