• сабота, 23 ноември 2024

На територијата на земјава 265 санкции за брзо возење

На територијата на земјава 265 санкции за брзо возење

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи.

Како што се наведува во соопштението од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението. ац/

Остани поврзан