• петок, 05 декември 2025

На Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути

На Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути

Скопје,13 август 2025 (МИА) - На граничниот премин Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје е затворен за секаков вид на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан