• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути

Скоје, 25 јули 2025 (МИА) - На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан