• среда, 19 март 2025

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст

На студентските собири на УКИМ донирани  415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани. 

УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени  415.724 денари на сметката на Црвениот крст - Фонд за солидарност.

-Во интерес на транспарентноста, ве известуваме дека средствата во висина од 415.724 денари собрани на собирите одржани на 17 и 18 март во организација на УСС-УКИМ, се уплатени на сметката на Црвениот крст, во Фондот за солидарност, како помош за настраданите во трагедијата во Кочани, објави студентската организација. хс/ев/

ФОТО: УСС на УКИМ 

Остани поврзан