• среда, 27 ноември 2024

На референдум во Еквадор изгласани мерките за борба против криминалните банди

На референдум во Еквадор изгласани мерките за борба против криминалните банди

Кито, 22 април 2024 (МИА) – На референдумот во Еквадор граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за заострување на безбедносните мерки поради зголеменото насилство од криминалните групи во земјата.

Претседателката на Националниот изборен совет, Дијана Атамаинт, објави дека граѓаните на Еквадор гласале за сите безбедносни мерки, и оти отфрлиле два контроверзни економски предлози.

- Ја одбранивме државата. Сега ќе ги имаме потребните алатки за борба против криминалците и за враќање на мирот на семејствата на Еквадор, напиша на социјалните мрежи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.

Мерките изгласани на вчерашниот референдум, на кој право на глас имаа околу 13 милиони граѓани, меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога.

Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е една од највисоките во регионот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан