• понеделник, 23 декември 2024

На протест во предградие на Порт-о-Пренс банда убила најмалку седум лица

На протест во предградие на Порт-о-Пренс банда убила најмалку седум лица

Порт-о-Пренс, 27 август 2023 (МИА) -  Банда на Хаити отвори оган од автоматско оружје и уби најмалку седум лица кои маршираа на голем протест против насилството, организиран од еден локален верски лидер.

Стотици парохиски верници, од кои некои беа вооружени со мачети, маршираа низ предградијата на главниот град Порт-о-Пренс во обид да ја ослободат областа од членови на бандите, јави Би-би-си.

Членови на бандата наводно отвориле оган кон нив со автомати, а се стравува дека бројот на жртви во вчерашната престрелка може да биде и уште поголем.

Протестот се одржа во предградието Канаан, што го основаа преживеаните од разорниот земјотрес во 2010 година.

Гедеон Жан, директор на Центарот за анализа и истражување на човековите права на Хаити, изјави дека го гледал целиот настан на Интернет и ќе побара од Министерството за правда да го истражи, пренесува американските медиуми.

Децениската нестабилност, природните катастрофи и економските тешкотии го направија Хаити една од најсиромашните и најнасилните земји во светот.

Насилството на бандите се зголеми по атентатот на претседателот Џовенел Мојс во 2021 година, поради што голем дел од територијата на оваа карипска земја излезе од владина контрола, при што околу 80 отсто од главниот град сега е под контрола на бандите.

Оттогаш војните меѓу бандите предизвикаа зголемување на бројот на бегалци, сериозен недостиг на храна, убиства, киднапирања и сексуално насилство.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН, Равина Шамдасани, изјави дека до 15 август годинава, најмалку 2.439 Хаиќани се убиени, 902 повредени и 951 киднапиран. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан