• сабота, 23 ноември 2024

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

Берлин, 28 април 2024 (МИА) - Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан