• среда, 28 август 2024

На празникот Успение на Пресвета Богородица, автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред 

На празникот Успение на Пресвета Богородица, автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред 

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре автобусите ќе возат по неделен возен ред. 

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На ден 28 август, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

- Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, известуваат од ЈСП Скопје. ир/цр/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан