• среда, 25 декември 2024

На Попова Шапка поставени 20 контејнери за оставање отпадоци

На Попова Шапка поставени 20 контејнери за оставање отпадоци
Тетово, 5 јануари 2022 (МИА) - Ски-центарот Попова Шапка  денеска на повеќе локации постави 20 нови контејнери каде посетителите ќе може да оставаат отпадоци. Потегот е направен со цел да се поттикнат граѓаните да не оставаат ѓурбе на ски патеките и насекаде низ Попова Шапка. -Со цел да предизвикаме позитивен бран на промени во однос на заштитата на животната средина, со поддршка на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, постигнавме договор со Пакомак за користење на 20 контејнери за собирање отпад во ски-центарот „Попова Шапка“ кои ќе бидат поставени на различни локации на Попова Шапка. Апелираме до сите посетители да бидат совесни, да се грижат за околината, да не оставаат ѓубре зад себе и истото да го фрлаат на соодветните места. Чистотата е основен предуслов за место како Попова Шапка да го зачува епитетот на туристичка атракција, додека грижата за природата е морална обврска на сите нас, информираат од ски-центарот. Досега за оставање на сметот низ ски терените имаше неколку канти за отпадоци, а вакви контејнери само на влезот на Попова Шапка.ас/вј/

Остани поврзан