• сабота, 23 ноември 2024

На Охридскиот кеј повеќе гости од другите градови, угостителските објекти празни

На Охридскиот кеј повеќе гости од другите градови, угостителските објекти празни
Охрид, 3 мај 2020 (МИА) – Кејот во Охрид и патеките долж крајбрежјето на Охридското Езеро денеска барем на неколку часа наликуваа како изминатите години, кога за првомајските празници градот беше полн со гости. Охриѓани во помал број, далеку повеќе гости од другите градови, најмногу од Скопје, Битола и Прилеп ги искористија неколкуте часа пред забраната за движење за прошетка долж крајбрежјето на Охридското Езеро, притоа воглавно почитувајќи ги препораките за дистанца и носење заштитна маска. Очекувано беше дека после повеќе од едномесечниот карантин и строгите ограничувања за движење наметнати поради епидемијата на коронавирусот, луѓето ќе ја искористат секоја можност да излезат на прошетка, особено во убав ден како денешниот. Она што сепак е поразлично од минатите години е што се уште угостителските објекти без исклучок се без гости. Се чекаат подобри времиња, олабавување на мерките за повторно гостите да ги исполнат терасите на популарните кафулиња и ресторани долж брегот на езерото и во градот. аб/бт/

Тагови

Остани поврзан