На островот Фиџи по 78 дена регистриран нов случај на Ковид-19
- Властите во државата Фиџи, по 78 дена без регистрирани случаи на Ковид-19 на архипелагот, денеска соопштија дека едно лице е позитивно на коронавирусот.

Сува, 6 јули 2020 (МИА) - Властите во државата Фиџи, по 78 дена без регистрирани случаи на Ковид-19 на архипелагот, денеска соопштија дека едно лице е позитивно на коронавирусот.
Премиерот на Фиџи, Франк Баинмарама изјави дека 66-годишен маж, кој бил тестиран во карантин по пристигнување од Индија, е позитивен за вирусот.
Станува збор за 19-ти случај на коронавирус во оваа островска држава во јужниот дел на Тихиот океан.
По пристигнувањето на Фиџи, сите лица одат во задолжителен 14-дневен карантин финансиран од владата. паг/