На мостот „Слобода“ во Скопје осветување на водите на Вардар и положување на чесниот крст
- Скопската православна епархија при МПЦ-ОА на празникот Богојавление - Водици, во среда ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот

Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) - Скопската православна епархија при МПЦ-ОА задутре на празникот Богојавление - Водици ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.
Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотел „Холидеј ин”.
-Ги замолуваме богољубивите Христијани, кои сакаат да земат учество во празничните богослужби, како и на оваа манифестација, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот, информираа од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.свс/лв/