На Меѓународната вселенска станица пристигна нов екипаж
- „Бах и Сани направија одлична работа и со нетрпение очекуваме да ги вратиме на земјата“, рече Стик.

Хјустон, 16 март 2025 (МИА) - Вселенската капсула Спејс Икс (SpaceX) со нов екипаж се закотви на Меѓународната вселенска станица (ISS), дозволувајќи им на астронаутите Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои поминаа повеќе од девет месеци во вселената, конечно да се вратат дома.
Според првичниот план, овие двајца астронаути требаше да останат на МВС само осум дена, но поради технички проблеми со експерименталното вселенско летало во кое пристигнаа, поминаа повеќе од девет месеци во орбитата, јавува Би-Би-Си.
Тие астронаути треба да го започнат своето патување назад кон Земјата подоцна оваа недела, а Стив Стик, комерцијален програмски менаџер на НАСА, изрази возбуда поради можноста двајцата астронаути да се вратат.
„Бах и Сани направија одлична работа и со нетрпение очекуваме да ги вратиме на земјата“, рече Стик.сд/
фото:МИА архива