На Месечината откриена пештера погодна за научна база
- Според нив, тоа е само една од веројатно стотиците пештери неоткриени на Месечината.
Рим, 17 јyли 2024 (МИА) - Научниците првпат открија пештера на Месечината, длабока најмалку 100 метри, којашто би можела да биде идеално место за изградба на постојана база за истражувања, според напис објавен во научното списание „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy).
Итражувачите од Универзитетот во Тренто во Италија, Лоренцо Бруѕоне и Леонардо Карер ја откриле пештерата. Според нив, тоа е само една од веројатно стотиците неоткриени вакви тунели на Месечината. Во таа смисла, првата британска астронаутка Хелен Шарман за „Би-би-си“ изјави дека новооткриената пештера изгледа како добро место за научна колонија и оти е можно луѓе да живеат или да престојуваат во месечевите пештери за 20 до 30 години.
Пештерата се создала пред милиони или милијарди години, кога лава течела низ тоа место на Месечината, создавајќи тунел низ инаку карпестиот предел.
Државите ширум светот се тркаат да воспостават постојано човечко присуство на Месечината, но за тоа, прво ќе треба да обезбедат делотворна заштита од радијација и друго штетно зрачење, екстремни температури и други влијанија коишто би биле предизвик за астронаутите. си/
Фото: МИА архива