На Клиника во моментов се врши тестирање за коронавирус кај патничка која пристигнала од Милано
- На Клиниката за инфективни болести во моментов се врши тестирање за коронавирус кај патничка која пристигнала од Милано.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) - На Клиниката за инфективни болести во моментов се врши тестирање за коронавирус кај патничка која пристигнала од Милано.
Како што објави Министерството за здравство на својата веб-страница, резултатите од патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје ќе бидат готови во наредните 4 часа.
Од Министерството информираат дека по добиените резултати, веднаш ќе ја известат јавноста. бк/