• среда, 25 декември 2024

На Канарските острово утрово со два брода пристигнале над 300 мигранти

На Канарските острово утрово со два брода пристигнале над 300 мигранти

Мадрид, 23 октомври 2023 (МИА) - Вкупно 314 мигранти пристигнале рано утринава на шпанските Канарски острови со два брода, соопштија локалните служби за итни случаи.

Со ова вкупниот број мигранти кои пристигнаа на тие острови до петокот достигна 1.600.

Како што беше соопштено, едниот брод со 229 мигранти бил придружуван до островот Хиеро, а другиот во Тенерифе.

Од чамците со мигранти што пристигнаа за време на викендот, еден превезуваше 320 мигранти во саботата. Државната агенција ЕФЕ објави дека ова е најголемиот број мигранти на еден брод откако трговците со луѓе почнаа редовно да ја користат рутата преку Канарските Острови во 1994 година. Претходниот рекорд за еден брод беше 280 луѓе, поставен претходно овој месец.

Повеќето од мигрантите доаѓаат од субсахарските африкански земји, а повеќето чамци поаѓаат од Сенегал.

Мигрантите кои пристигнуваат во Шпанија со брод поминуваат околу 72 часа во полициски притвор заради идентификација, а потоа се префрлуваат во различни прифатни или притворни центри во зависност од случајот. Иако некои се депортирани, мнозинството бараат азил и се префрлуваат во континентална Шпанија за да се разгледаат нивните барања.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јануари до 15 октомври на Канарските острови пристигнале речиси 23.500 мигранти, што е зголемување за 90 отсто во споредба со истиот период минатата година. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан