• среда, 25 декември 2024

На Калиманско езеро се славеше заштитникот на рибарите ,,Св.Стефан"

На Калиманско езеро се славеше заштитникот на рибарите ,,Св.Стефан
Македонска Каменица, 12 јануари 2019 (МИА) - Втора година по ред на брегот од Калиманско езеро околу 70 членови на Спортско риболовниот клуб „Шаран” и љубители на риболовот ја продолжија традицијата со неколкучасовното дружење меѓу каменичките и риболовци од други градови од околината на М.Каменица.
Како што информираше Горан Стоименовски од СРК „Шаран", настанот се организира во чест на заштитникот на рибарите „Св. Стефан".
– Веќе втора година по ред, на иницијатива од наши членови, го одбележуваме денот на заштитникот на рибарите, христијанскиот празник„Св.Стефан". Радува тоа што, годинава сме во поголем број. Годинава сме подобро организирани, и се надевам дека настанот, од година в година, ќе прерасне во една убава традиција, што ќе овозможи дружење на членовите од Спортското риболовно друштво „Шаран” и љубителите на риболовот од Македонска Каменица и поширокиот регион, истакна Стоименовски.
Меѓу присутните беше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која на присутните им посака добро здравје, бериќет и добар улов во водите на Калиманско Езеро во текот на претстојната риболовна сезона.
На настанот, покрај членови на СРК „Шаран” присуствуваа и рибари од Делчево, Виница, Кочани и од останатите градови во регионот. вс/бт/

Остани поврзан