• понеделник, 16 декември 2024

На иранска филмска екипа и било забрането да замине на фестивалот во Кан

На иранска филмска екипа и било забрането да замине на фестивалот во Кан

Техеран, 1 мај 2024 (МИА) – На членовите на филмската екипа на иранскиот режисер Мохамед Расулоф, чиј филм беше избран за натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, им е забрането да ја напуштат земјата, јави Еуроњуз Калчр (Euronews Culture).

- Продуцентите на новиот филм на Расулоф „Семето на светата смоква“ беа испрашани откако филмот беше избран за натпреварувачката програма на овогодишниот фестивал во Кан. По сослушувањето, на членовите на филмската екипа им беше забрането да ја напуштат земјата, се вели во соопштението.

Адвокатот Бабак Пакнија со објава на социјалната мрежа Х ја потврди оваа информација. јт/

 

Остани поврзан