• сабота, 23 ноември 2024

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 5 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во рамки на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани девет, во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. рп/ац/
 

Остани поврзан