• сабота, 16 ноември 2024

На „Етихад“ топли пијалаци ќе се служат во чаши за јадење

На „Етихад“ топли пијалаци ќе се служат во чаши за јадење
Манчестер, 21 август 2021 (МИА) – Манчестер сити објави нов формат за послужување пијалаци на стадионот „Етихад“. Од оваа сезона топли пијалаци ќе се служат во чаши за јадење. Тие ќе бидат направени од вафли слични на оние што се користат за корнети за сладолед. Оние кои не сакаат да ја јадат чашата, можат да ја фрлат во контејнер за компостирање. Исто така, „Етихад“ сега ќе служи пиво во чаши изработени од хартија и картон, материјал што ќе биде целосно погоден за обработка. Клубот ја припишува промената на желбата целосно да се елиминира пластиката што не се рециклира во услужната индустрија на стадионот и со тоа да придонесе во заштита на животната средина. зс/

Остани поврзан