• сабота, 23 ноември 2024

На два часа пред затворање на гласачките места, во Маврово и Ростуше гласале 44 проценти

На два часа пред затворање на гласачките места, во Маврово и Ростуше гласале 44 проценти
Гостивар, 20 август 2022 (МИА) - На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 17 часот, правото на глас го оствариле 4.377 лица, односно 44 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше. Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес на два часа пред затворањето на избирачките места се одвивала во фер и демократска атмосфера. Претходно, до 15 часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 3.423 лица, односно излезноста била над 34 проценти, со што е постигнат цензус. Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. За избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати. згм/фф/

Остани поврзан