На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
- На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/бак/
Фото: МИА архива