• сабота, 23 ноември 2024

На ГП Богородица за влез во државата се чека 30 минути

На ГП Богородица за влез во државата се чека 30 минути
Скопје, 2 мај 2022 (МИА) - На граничниот премин Богородица, за влез во државата, се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат вечерва од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/мд/

Остани поврзан