• вторник, 24 декември 2024

На Германија годишно и се потребни 1,5 милиона доселеници

На Германија годишно и се потребни 1,5 милиона доселеници

9 јули 2023

Зи Дојче Цајтунг

 

Како да се реши проблемот со недостигот на работна сила во Германија? Само со значително зголемување на бројот на имигранти, тврди економскиот експерт Моника Шницер.

„Ако сакаме да имаме 400.000 нови граѓани секоја година и на тој начин да го одржиме бројот на работници, и ако го одземеме огромниот број на оние што се иселуваат одовде - на Германија и се потребни 1,5 милиона имигранти годишно“, вели економскиот експерт Моника Шницер.

Само зголемената имиграција може да биде лек за проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, посочи таа за весникот „Зидојче цајтунг“ .

Не плашете странци, туку помогнете им

На Германија итно и треба култура на добредојде, додаде Шницер, која го предводи Советот на економски експерти, кој го анализира економскиот развој на Германија и ја советува федералната влада. Тие водечки експерти се нарекуваат и Петте мудреци.

Новиот закон за олеснување на доаѓањето на квалификувана работна сила во Германија, кој неодамна беше усвоен од Бундестагот, е чекор во вистинската насока, вели Шницер, но посочува:

„Потребни ни се институции за странци кои нема да ги исплашат туку ќе им даваат услуги. Не треба да бараме секој странски работник да зборува германски, туку да се погрижиме вработените кои работат со странци да зборуваат англиски“.

Инвестирајте во децата и инфраструктурата...

Шницер на тој начин вели дека Германија треба повеќе да инвестира во децата. „Поразително е што четвртина од четвртоодделенците не знаат добро да читаат“, покажа едно неодамнешно истражување.

Дополнително, компаниите би морале да ги мотивираат постарите вработени да продолжат да работат, односно да не се пензионираат предвреме. Во Германија многумина не сакаат да работат до 67 години, покажуваат и неодамнешните студии.

Шницер смета дека Германија не напредува „како што можеше и требаше“. Меѓу другото, не се инвестираше во потребната инфраструктура, значително заостанува дигитализацијата, а доцна започна и заштитата на климата.

Минатата недела (27 јуни), германскиот Завод за статистика ги објави конечните бројки за имиграцијата и емиграцијата од Германија за изминатата година: во 2022 година преку Границите на Германија беа регистрирани вкупно околу 2.666.000 пристигнувања и 1.204.000 заминувања, со што бројката на нето имиграција во земјата се искачи на 1.462. 000 лица.

Со ова, нето бројот на имигранти во 2022 година е највисок во последните 72 години од 1950 година, откако се водат овие статистички податоци!

Според Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, во многу провинции, за одредени занимања, на пример работа во градинка, потребни се познавање на германски јазик на ниво C1 (напредно ниво).

Во пратеничкиот клуб на ФДП предлагаат да се откаже од ова барање - поради немање кадар во градинките - и велат дека јазичните вештини може да се стекнуваат и преку работа. Ова е една од идеите од документот што либералите во Бундестагот најверојатно ќе го усвојат во текот на оваа недела, пишува Тагешпигел повикувајќи се на некои други детали од документот.

Така, FDP наведува дека е потребна поголема флексибилност за да се интегрира итно потребната квалификувана работна сила во системот. Многу имигранти поседуваат соодветни дипломи или квалификации за работа во педагошката област: „Овие квалификации мора да се препознаат поедноставно, со помала бирократија и побрзо, по можност во рок од 60 дена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан