• сабота, 23 ноември 2024

На владина седница усвоени измените на законите за наставници и за учебници

На владина седница усвоени измените на законите за наставници и за учебници
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Владата денеска на седница ги усвои измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и во средните училишта и измените на Законот за учебници.
Како што стои во соопштението од Владата, со измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници.
Додека, пак, преку измените на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел спречување на влез на дискриминирачки содржини а се обезбедува и дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.
Измените беа утврдени на предлог на Министерството за образование и наука. ар/бак/

Остани поврзан