• среда, 25 декември 2024

На белградски Торлак утре од Русија ќе пристигне супстанца за 250.000 дози на Спутник В

На белградски Торлак утре од Русија ќе пристигне супстанца за 250.000 дози на Спутник В
Белград, 4 јули 2021 (МИА) - Српскиот министер за иновации и технолошки развој и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија, Ненад Поповиќ најави дека утре во Србија ќе биде доставена значителна количина на супстанца за производство на вакцината „Спутник В“ во Институтот „Торлак“, јави доспиникот на МИА од Белград. - Ова е количина на супстанца доволна за производство на над 250.000 дози на компонентата 1. По десет дена, според најавите на нашите руски партнери, во Србија треба да се достави супстанца за производство на иста количина вакцини од компонента 2, изјави Поповиќ. Како што соопштија од неговиот Кабинет, тој посочи дека се очекува во „Торлак“ во следните две недели да има околу 550.000 вакцини од „Спутник В“ компонента 1 и компонента 2. - Очекуваме тоа да се случи во рок од три недели од пристигнувањето на примероците во Гамалеја, рече Поповиќ, кој во моментов е во Москва. Тој посочи дека супстанцата редовно ќе пристигнува во Србија, според динамиката утврдена од српската и руската страна, сè до исполнувањето на договорот, кој, во почетната фаза, подразбира производство на четири милиони вакцини. об/паг/

Остани поврзан