• вторник, 24 декември 2024

На Асанж му е одбиена кауција за пуштање на слобода

На Асанж му е одбиена кауција за пуштање на слобода
Лондон, 25 март 2020 (МИА) – На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска му беше одбиена кауцијата која неговите адвокати ја побараа за да биде пуштен на слобода поради ризик од зараза со коронавирус во затворот. Судијката Ванеса Барисер рече дека на Асанж му е одбиена кауцијата затоа што глобалната пандемија на коронавирусот не е основа за такво барање. Таа истакна дека таквата одлука е донесена и поради претходното однесување на Асанж, кога ги прекршил правилата за кауција во обид да избегне екстрадиција во Шведска во 2012 година. Судот смета дека постои основано сомнение дека тој може да се обиде и овој пат да направи нешто слично. Џулијан Асанж е во затворот Белмарш во Лондон. јт/

Тагови

Остани поврзан