• вторник, 24 декември 2024

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Скопје, 4 февруари 2024 (МИА) - Најстудено утрово е во Берово -6 степени, -4 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола и Демир Капија, -3 во Струмица, -2 во Претор, Прилеп, Штип, Кавадарци и Велес, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид и Дебар, 0 во Крива Паланка и Куманово, 1 во Гевгелија и Виница, 2 во Крушево и Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 7 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежната покривка во Маврово е 9, а на Попова Шапка еден сантиметар.

Утрово времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан