• понеделник, 23 декември 2024

Најстарото тениско игралиште во светот

Најстарото тениско игралиште во светот

Единбург, 14 авгyст 2024 (МИА) - Изворниот „Вистински тенис“ се игра на тврда подлога, опкружена со четири ѕида. Големината на полето е 29,6 x 10,2 метри - и е значително поголема од современите игралишта.

Кралскиот тениски клуб „Фолкланд палас“ во областа Фајф во Шкотска може да се пофали со најстарото тениско игралиште во светот коешто сѐ уште се користи за спортски игри. Го изградил шкотскиот крал Џејмс Петти во 1539 година. Теренот е направен во стилот „jeu quarré", („квадратна игра“, денес позната како „Вистински тенис“), од каде што произлегол спортот тенис каков што го знаеме денес, пишува „Пункуфер“.

Во што е разликата? Подлогата има несиметрични линии, бројки и круни означени на подот и ѕидови, коишто се користат за пресметување на резултатот. Играчите добиваат дополнителни поени ако ја испратат топката низ дупка во ѕидот.

Иако клубот „Фолкланд палас“ го има најстарото тениско игралиште сѐ уште во употреба - нема континуитет во активноста од неговото основање. Денешниот клуб брои околу 30 членови и е основан во 1975 година.  си/ми/

Фото: Википедија, Фејсбук

Остани поврзан