• вторник, 24 декември 2024

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец - има 112 години и 344 дена

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец - има 112 години и 344 дена
Лос Анџелес, 12 февруари 2020 (МИА) - Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена. Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита. Претходниот рекордер беше, исто така - Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години. Прашан - во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани. Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца. По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата. До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја. си/сд/

Остани поврзан