• вторник, 26 ноември 2024

Најниска вредност на еврото во однос на доларот во изминатите 20 години

Најниска вредност на еврото во однос на доларот во изминатите 20 години
Берлин, 12 јули 2022 (МИА) - На пазарот на пари денес едно евро вреди еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, затоа што Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД, објави германската медиумска куќа Дојче веле. Како што се прецизира, за нијанса еврото и понатаму е појјако од доларот, затоа што за едно евро се добива 1,0011 долари, додека апсолутно најнискиот крус беше неодамна по воведувањето на заедничката европска валута, во почетокот на мај 2001 година, кога еврото вредеше 83,8 американски центи. И покрај значајни поскапувања, Европската централна банка заостанува зад мерките на други земји. Па така, референтната каматна стапка беше подигната не само од американската банка ФЕД, туку и од Велика Британија или Швајцарија. Затоа вредноста на еврото опаѓа веќе со седмици, не само во однос на американскиот долар, туку и на кинескиот јуан и на други валути. Но, како што наведува Дојче веле, не се случува ништо драматично, бидејќи нема сериозни потешкотии во европската економија. бд/зш/

Остани поврзан