Најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати по бродоломот во близина на брегот на Либија
- Меѓународната организација за миграција во Либија денеска соопшти дека најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека настрадале во вчерашниот бродолом во близина на либискиот брег
Триполи, 15 февруари 2023 (МИА) – Меѓународната организација за миграција во Либија денеска соопшти дека најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека настрадале во вчерашниот бродолом во близина на либискиот брег.
ИОМ наведе дека седум луѓе го преживеале бродоломот и се вратиле на либискиот брег, откако потонал бродот со 80 луѓе.
Мигрантите се обидувале да пристигнат до Европа. ми/