Најмалку 61 мигрант се удави во близина на либискиот брег
- ИОМ на платформата Х соопшти дека, според изјави на преживеаните, на бродот имало 86 лица и дека тој тргнал од либискиот град Звар, пренесуваат британските медиуми.

Триполи, 17 декември 2023 (МИА) - Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија во бродолом крај Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
ИОМ на платформата Х соопшти дека, според изјави на преживеаните, на бродот имало 86 лица и дека тој тргнал од либискиот град Звар, пренесуваат британските медиуми.
Во последниве години, Либија е централната транзитна точка на мигрантите од нивниот пат од Африка и Блискиот Исток за Европа, во обидот преку Медитеранот во чамци и бродови да стигнат до италијанскиот брег. сд/
фото:МИА архива