Најмалку 46 загинати во вооружен напад во село во Нигерија
Абуџа, 7 април 2023 (МИА) – Вооружени напаѓачи убија најмалку 46 луѓе во село во нигериската држава Бенуе, а неколку од нив се водат како исчезнати, јави денеска Гардијан.
Нападот се случил во селото Умогиди во државата Бенуе, каде конфликтите околу земјиштето и ресурсите се вообичаени меѓу номадските сточари и земјоделците кои живеат во областа.
Советникот за безбедност на гувернерот на државата Бену, Пол Хемба, ги обвини овчарите за нападот, за кои се вели дека ја напаѓале локалната земјоделска заедница изминатиот месец. јт/
Фото: МИА архива