• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на Кан Јунис

Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на Кан Јунис

Газа, 22 јули 2024 (МИА) - Најмалку 37 Палестинци се убиени од воздух и во тенковски напади на израелската армија во Кан Јунис, соопштија денеска здравствените власти во Газа, кои се под контрола на Хамас.

Израел претходно издаде наредба за евакуација на некои населени места.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека меѓу загинатите има неколку жени и деца, а повеќе од десетина луѓе се повредени.

Околу 400.000 луѓе живеат во областа која е нападната, а десетици семејства почнаа да ги напуштаат своите домови, соопштија палестинските власти, додавајќи дека немале време да заминат пред да започнат израелските напади. паг/

Фото: ДПА

 

 

Остани поврзан