• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 37 жртви во автобуска несреќа во Камерун

Најмалку 37 жртви во автобуска несреќа во Камерун
Јаунде, 27 декември 2020 (МИА) – Повеќе од 37 лица загинаа, а 18 се тешко повредени кога автобус синоќа удри во камион во селото Немале во западен Камерун, соопштија локалните власти. Автобусот со повеќе од 60 патници бил на пат кон главниот град Јаунде од градот Фумбан и удри во камион, обидувајќи се да избегне група луѓе кои оделе по патот околу 2 часот по полноќ, изјави владиниот претставник Мононо Волоа. - Повеќето патници патувале за да ја поминат Новата година со своите семејства, оние кои се враќале по Божиќните празници или деловни луѓе со подароци за новогодишните празници, рече тој. Селаните излегле да им помогнат на луѓето на местото на несреќата, рече Волоа. Според него, бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем, бидејќи членовите на спасувачките екипи сè уште трагаат по загинати и повредени. јт/

Остани поврзан