• среда, 05 март 2025

Најмалку 30 загинати во конфликтите во југозападен Пакистан

Најмалку 30 загинати во конфликтите во југозападен Пакистан

Исламабад, 1 февруари 2025 (МИА) - Во судирите во југозападен Пакистан ноќеска загинаа 18 припадници на безбедносните сили и 12 милитанти, соопшти пакистанската армија.

Британските медиуми јавуваат дека до борби дојде откако милитантите во текот на ноќта се обидоа да постават контролни пунктови во провинцијата Балучистан, а безбедносните сили интервенираа за да ги отстранат.

Се уште не е познато на која група и припаѓале милитантите.

Покраината Балучистан, богата со минерали, а која граничи со Иран и Авганистан, со децении е сцена на сепаратистичко востание на етничките Балучи, додека во регионот се активни и исламистички милитантни групи.

Во вторникот исламистичките милитанти се обидоа да нападнат пакистански безбедносен пункт во близина на границата со Авганистан, користејќи возило полно со експлозив, но беа спречени од безбедносните сили.

Во август минатата година, најмалку 73 лица беа убиени кога сепаратистичките милитанти започнаа координирани напади врз полициски станици, железници и автопати, што ги поттикна пакистанските сили да возвратат.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан