• петок, 05 декември 2025

Најмалку 25 загинати по паѓање на скеле во црква во изградба на северот на Етиопија

Најмалку 25 загинати по паѓање на скеле во црква во изградба на северот на Етиопија

Адис Абеба, 1 октомври 2025 (МИА) – Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени во регионот Амхари на северот на Етиопија откако се урна скеле во црква е во изградба, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила утрово во црквата Менџар Шенкора Арерти Маријам, додека верниците се собирале на годишната прослава на Света Марија.

Многу верници се качиле на дрвените скелиња за да ја видат фреската на плафонот, а потоа, според сведочењата, конструкцијата се урнала.

- Сите се собрале заради молитва, но скелето се урна и луѓето почнаа да паѓаат од плафонот, изјави сведок кој во трагедијата изгубил тројца пријатели.

Сејум Алтаје, лекар во локалната болница, рече дека меѓу жртвите има и деца и постари лица.

- Досега потврдивме 25 мртви и повеќе од сто повредени, соопшти тој.

Според него, болницата бара помош од Црвениот крст за да се згрижат повредените.

Локалните власти предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан