Најмалку 22 лица загинаа во пукотници поврзани со банди во Еквадор
- Најмалку 22 лица се убиени, а тројца се ранети во престрелка во градот Гвајакил, Еквадор, за што полицијата се сомнева дека е злосторство поврзано со банда.

Кито, 7 март 2025 (МИА) - Најмалку 22 лица се убиени, а тројца се ранети во престрелка во градот Гвајакил, Еквадор, за што полицијата се сомнева дека е злосторство поврзано со банда.
Престрелката избувнала во четвртокот во една од населбите на Гвајакил, Социо Вивиендо, а жртвите биле убиени во различни домови, пишува еквадорскиот Универсо.
Меѓу убиените и повредените има и лица поврзани со криминални дејствија како грабеж, нелегално поседување оружје и трговија со дрога.
Се претпоставува дека околу 20 вооружени лица влегле во Социо Вивиендо преку планинска област, а мештаните го снимиле инцидентот на своите мобилни телефони.
Полицијата соопшти дека најверојатно станува збор за насилен судир меѓу криминални банди кои се борат за територија. паг/
Фото: МИА архива