• сабота, 05 октомври 2024

Најмалку 20 загинати и 30 повредени во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу (ДПЛ)

Најмалку 20 загинати и 30 повредени во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу (ДПЛ)
Могадишу, 5 март 2021 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени вечерва во експлозија на автомобил-бомба пред ресторан во близина на пристаништето во сомалиската престолнина Могадишу, соопштија здравствените власти. Очевидци на настанот за сомалиските државни медиуми изјави дека по експлозијата се слушнале истрели, пренесоа британските медиуми. -Досега имаме 20 мртви и 30 ранети на местото на експлозијата, изјави портпаролот на сомалиските служби за итни случаи. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. сд/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан