Најмалку 20 жртви при пад на украински воен транспортер (видео)
- Најмалку 20 лица загинаа откако се урна воен авион Ан-26 во Украина, потврди Министерството за внатрешни работи на државата.
Киев, 25 септември 2020 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа откако се урна воен авион Ан-26 во Украина, потврди Министерството за внатрешни работи на државата.
Две лица се повредени, а за уште две се уште нема информации, јавија украински медиуми.
Во авионот имало 24 лица - воени пилоти и питомци на универзитет на ВВС.
Несреќата се случила околу 20:50 часот по локално време (19:50 часот по средноевропско време) во близина на источниот град Чугуев, оддалечен околу два километри од воениот аеродром. зш/
https://www.youtube.com/watch?v=2tM1Io9InAE