• среда, 27 ноември 2024

Најмалку 18 цивили убиени од локални милиции во Конго

Најмалку 18 цивили убиени од локални милиции во Конго

Бени, 9 март 2022 (МИА) - Најмалку 18 цивили се убиени од локални милиции додека се криеле во црква во источниот дел на Конго, јавуваат очевидци и локални групи за човекови права. Нападот се случил вчера наутро во областа Баниари де Кило, во зафатената од конфликт Итури провинција, додека жртвите спиеле во помошните згради на црквата.

Нападот, според еден од очевидците, е дело на Кодеко, една од локалните милициски групи, кои се активни во источниот дел на Конго, каде повеќе декади се води конфликт за територии и ресурси. Борците на Кодеко имаат убиено стотици цивили и во последните месеци целат кон кампови на раселени лица. Армијата на Конго распореди сили во провинцијата Итури и соседната Северен Киву, но сепак насилствата не запираат. Околу 60 луѓе се убиени во февруари во напади, за кои армијата и други извори тврдат дека се дело на Кодеко групата. „Работиме ... на враќање на мирот во провинцијата Итури. Овие милиции повторно ги напаѓаат раселените лица, кои немаат начин да се одбранат“, изјави портпаролот на армијата. аа/

Остани поврзан