• петок, 05 декември 2025

Најмалку 17 повредени во иранските напади врз Израел

Најмалку 17 повредени во иранските напади врз Израел

Тел Авив, 6 јуни 2025 (МИА) – Најмалку 17 лица се повредени во нападите на Иран врз Израел, соопшти израелската итна служба Маген Давид Адом (MDA), пренесе Си-ен-ен.

Според нивните податоци, две лица се тешко повредени, а две се со умерени повреди. Истовремено, поединечни болници известиле дека бројот на повредени може да биде значително поголем.

Три болници – Медицинскиот центар „Сураски“ во Тел Авив, Медицинскиот центар „Шеба Тел Хашомер“ и Медицинскиот центар „Рабин“ – заеднички пријавиле вкупно 40 повредени лица. ссм/

фото: архива

Остани поврзан