• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 165 лица се повредени во денешниот земјотрес во Иран

Најмалку 165 лица се повредени во денешниот земјотрес во Иран

Техеран, 24 март 2023 (МИА) -  Најмалку 165 лица се повредени во земјотресот кој утрово го погоди Иран.

„Како резултат на денешниот земјотрес во градовите Хои и Селмас повредени се 165 лица“, се вели во соопштението на гувернерот на провинцијата Западен Азербејџан.

Локалните медиуми прецизираат дека во болница се примени 75 лица.

Два земјотреси со јачина од 5,3 степени беа регистрирани на неколку километри од градовите Хои и Урмија.

Шест екипи на Црвената полумесечина се испратени во областа за проценка на штетите, соопштија локалните власти. ссм/

Остани поврзан