Најмалку 16 земји-членки на ОН дадоа заедничка изјава за поддршка на Агенцијата за палестински бегалци
- Најмалку 16 земји-членки на Обединетите нации дадоа „изјава за заеднички обврски“ како форма на поддршка за Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која ќе биде проследена до членките на ОН
Њујорк, 22 мај 2024 (МИА) - Најмалку 16 земји-членки на Обединетите нации дадоа „изјава за заеднички обврски“ како форма на поддршка за Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која ќе биде проследена до членките на ОН.
Напорите се насочени кон зајакнување на организацијата која долго време се сметаше за клучна за жителите на Газа, но се соочува со обвинувања од Израел дека некои нивни членови на персоналот учествувале на некој начин во нападите што терористичката група Хамас ги изведе на 7 октомври.
Независната истрага минатиот месец покажа дека Израел допрва треба да обезбеди докази за своите наводи дека „значителен број“ вработени во Агенцијата се воедно и воо терористички организации, пренесува Ал Џезира. ссм/